фк Куманово

Формиран во март 2014 година, фото клуб Куманово брои околу 30 членови и се смета за еден од најактивните клубови во Македонија. Иако е млад клуб, неговото јадро содржи светски познати фотографи. Покрај организационите и изложбените активности, клубот стана добро познат по успесите, кои членовите на клубот ги постигнаа на меѓународните изложби на фотографија, со што на градот Куманово му дадоа епитет на препознатлив фотографски центар. Домаќини на самостојни изложби со светски автори. Успешно заврши со групни проекти со спријателени клубови од Србија, Босна, Канада, Турција, Египет, Саудиска Арабија, Иран и тн. Клубот е почесен член на ФИАП, ПСА и ИААП.

Speaker Details