
Сандра Трајковска е родена во Куманово во 1995 година. Основно и средно училиште завршува во родниот град, а подоцна се запишува на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје. Интересот за фотографијата и уметноста се јавува уште во основно училиште. Во 2017 г. е дел од курсот за фотографија, предводен од Владимир Јовановски, којшто успешно го завршува и станува член на Фото клуб „Куманово“. Има учествувано на повеќе национални и интернационални изложби. Добитник е на првата награда на натпреварот „Мое Куманово“, организиран од Општина Куманово. Во 2018 година, ја завршува својата прва фото-проекција насловена „(E)motions“. Инспирацијата ја пронаоѓа во моменти од секојдневието, како и во луѓето и емоциите кои тие ги носат во себе. Една од причините, поради која се вљубила во фотографијата е фактот дека преку неа таа доловува моменти, кои можеби никогаш нема да се повторат.