Мила Златковска

Мила Златковска родена во Куманово, 2002 година. Интересот за фотографирање го има од рани години, но поангажирано започнува да се занимава кога запишува курс по уметничка фотографија во 2016 година. По завршување на фото-школата продолжува како активен член во Фото клуб „Куманово“. Љубител е на секој вид фотографија, но најмногу себеси се пронаоѓа во фотографирање портрети, сметајќи дека емоцијата најубаво се пренесува преку експресијата на лицето кај човекот. За првпат излага на националната изложба „Жените и фотографијата“ во 2017 година. Активно учествува на домашни и меѓународни салони, на кои реди успеси. Составен дел е при организацискиот тим на Малински фото фестивал.

Speaker Details