Ивана Јовановска-Кузмановска

Ивана Јовановска-Кузмановска е родена 1988 г. во Куманово, каде што завршува основно и средно образование. Откривајќи се себе си, уметноста ја поврзува со нејзината личност. Во раните години се надополнува сликарски наоѓајќи го мирот и спокојството во сликарското платно, четките, боите… Учествува во бројни детски и младински ликовни колонии и изложби. Нејзината пасија кон уметноста продолжува, но одлучува својата љубов да ја пренасочи во просветата, се запишува на Педагошки факултет. Студиите ги завршува со успех, но мал дел од неа останува празен. Тогаш, сосема случајно, станува дел од нешто сосема ново, фото-школа организирана од Фото клуб „Куманово“. Предавањата ги предводи Владимир Јовановски. Фотографијата ѝ станува нова љубов, нов поглед на светот. Користејќи ја светлината, водена од моќта на мигот, создава фотографии кои нудат нов поглед на светот. Мирните линии на пејзажите, вкрстени со контрастот на боите се карактеристични за фотографиите на Ивана. Учествува на повеќе државни и меѓународни изложби: Малински фото фестивал, клупска изложба на Фото клуб „Куманово“ – „Тумба“ и меѓуклупска изложба на фотографии – „Круг“ и изложбата „Жените и фотографијата“.

Speaker Details