
Ивана Илиевска е родена 1992 година во Куманово. Своите гимназиски денови ги има поминато во СОУ “Гоце Делчев” Куманово, како првенец во својата генерација со многубројни локални и национални награди. Има завршено дизајн и мултимедија, отсек мултимедија, на Универзитетот ФОН во Скопје. Главна пасија ѝ е филмот. Фотографијата е зачеток на филмот, па затоа ја негува својата пасија и кон фотографијата како медиум. Досега има учествувано на многу натпревари, државни и меѓународни изложби на фотографија, каде што има освоено бројни награди. Илиевска е еден од основачите на Фото клуб „Куманово“ и организатор на Малински фото фестивал.
Share This Speaker