Дражан Брачиќ

Дражан Брачиќ, член на Фото сојуз на Македонија и Фото сојуз на Србија, интензивно со фотографија се занимава од 2007 година. Посебен интерес му е црно-белата фотографија и теми од секојдневието, улична фотографија, портрети, музички настани (концерти) посебно клупски или на импровизирани сцени со ʼандерграундʻ-атмосфера. Досега учествувал на преку 60 меѓународни и домашни изложби во Македонија, Бугарија, Црна Гора, Франција, Русија, Турција, Индонезија, Словенија, БиХ, Хрватска и во Србија. Притоа е добитник на многубројни признанија и награди. Негови позначајни достигнувања се трите самостојни изложби: „Хераклеја“, „Street“ и „Ритам во кадар“, од кои две од нив се под патронажа на уметничкиот совет на Фото Сојуз на Македонија; учество во македонска уметничка колекција на меѓународно биенале во Индонезија и во Словенија; учество во македонскиот дел на меѓународната изложба „Словенски карневали“ отворена во седиштето на UNESCO во Париз, Франција. Околу 150 негови авторски фотографии се објавени во книги, каталози, брошури, постери, а на темата „фотографија“ гостувал на повеќе национални и локални ТВ-канали.

Speaker Details