Владимир Јовановски

Владимир Јовановски, EPSA, GPU HERMES, RISF5, роден 1983 година, е истакнат македонски фотограф и најуспешен претставник на македонската фотографија на бројни меѓународни изложби низ светот. Излагал во 35 држави и освоил над 100 награди и признанија. Фото сојузот на Макао го прогласува за еден од 100 највлијателни фотографи на денешницата, а Фото сојузот на Турција го прогласува за светски фотограф за 2018 година.  За свој најголем успех ги смета проектите „The other one hundred“ и „За македонцката фотографија“. Бил член и претседател на Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, а сега е активен член на Фото клуб „Куманово“. Тој е и директор на Малински фото фестивал, почесен член на Image Sans Frontier, Image Colleague Society и Фото клубот „Крагујевац“. Претставник, односно офицер за врска е на PSA, GPU, и ISF за Република Македонија и активен претседател на IAAP. Во фотографијата, тој не е обичен регистратор на нештата, тој го чувствува просторот околу себе, ги чувствува светлината, амбиентот и животот. Постојано трагајќи по нив, се соочува со внатрешни емоции коишто ги пренесува на своите фотографии. Последните неколку години во своето творештво настапува тематски.

Speaker Details