Викторија Златковиќ

Викторија Златковиќ е родена во Куманово, 1994 година. По завршување на Филозофскиот факултет, се здобива со стручен назив Дипломиран историчар на уметноста. Заинтересираноста за фотографската уметност започнува во времето на факултетските години, а посериозно ѝ пристапува на фотографијата од 2018 година, кога станува активен член на Фото клуб „Куманово“. Оттогаш започнува со излагачка активност и зема учество на повеќе групни изложби во Македонија. Фотографската идеја на Викторија е разновидноста во изразувањето, што воедно е одраз на нејзиното љубопитно и неисцрпно фотографско истражување.

Speaker Details