
Александар Стојчевски e роден 1990 година во Куманово. Фотографијата го интересира уште од рана возраст, од времето на аналогните фотоапарати. Во текот на школувањето не можел да посвети доволно внимание на професионално изучување на фотографијата, па затоа му претставувала само хоби. Со започнување курс по фотографија во Фото клуб „Куманово“, во 2017 година, повторно се навраќа кон аматерско сликање, но овојпат посериозно, со поголем ентузијазам, со уште поголема љубов кон фотографијата. Љубител е на црно-белата фотографија, контрастот и играта со светлината, бидејќи според него црно-белата фотографија никогаш не застарува. Свои фотографии, Александар има излагано на Малински фото фестивал во 2018 година; клупска изложба на Фото клуб „Куманово“ – „Тумба“ и меѓуклупска изложба на фотографии – „Круг“, 2018 година.