Александар Драгишевски

Александар Драгишевски е роден 1992 година во Куманово, Р Македонија. Завршил дизајн и мултимедија, отсек – графички дизајн, на Универзитетот ФОН во Скопје, 2013 година. Љубовта кон уметноста најмногу ја насочува кон творење уметничка фотографија. Интересот кон фотографијата се јавува во средно училиште со учествувањето во проектни задачи за фотографи-аматери. Досега има учествувано на повеќе државни и меѓународни натпревари и изложби на фотографија каде има освоено бројни признанија и награди. Во 2018 година, во склоп на Малински фото фестивал, ја има својата прва самостојна изложба насловена како „Недовршена приказна“ која претставува збирка на портрети од дотогашното негово фотографско творештво. Драгишевски е секретар и еден од основачите на Фото клуб „Куманово“, како и организатор на Малински фото фестивал.

Speaker Details