Туристички места

Што да се посети?

Кокино — мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, а името го добила по блиското истоимено село.

Свети Ѓорѓи е средновековна црква сместена во средиштето на селото Старо Нагоричане. Овој средновековен храм се истакнува по својата импозантна голема (базиликална) градба, одлично зачуваниот фрескоживопис, камениот иконостас и положбата на иконите на него, како и ќелијата на светителот Прохор Пчињски во непосредната близина.

Спомен-костурница на ридот Зебрњак — монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година.

Џамија Тартар Синан Бег. Припаѓа на типот еднокуполни, „султански“ џами и е позната како Ески (Ески) стара џамија, изградена во 1532 година во турското Орта – Бунар маало, каде што се наоѓа и денес. Градена е од прецизно обработени жолтеникави камени блокови. Необично високиот кружен тамбур на куполата и малиот тамбур на средишната купола на тремот кои се кружни однатре и однадвор, како и реткото преодно решение во внатрешноста на молитвениот простор од т.н. фриз на турски триаголници на куполата, ја ставаат во редот на најинтересните џамии од Раноосманлискиот период, како и единствен пример со вакво архитектонско решение во Македонија од XVI век.

Низ природните убавини на нашата Република, во свероисточниот плански регион во непосредна близина на Градот Куманово, на само 5 километри се наоѓа едно од најубавите природни убавини на Балканот – Прекрасната Бислимска Клисура. Место со големи потенцијали, место непознато за пошироката јавност, досега посетувано од мал број на авантуристи. Природата и мистериозните пештери, уникатниот биодиверзитет со вегетациски карактеристики и голем број на атрактивности како ендемските видови во Бислимската Клисура, претставуваат мистична материја, не само за научниците, едукативните работници, авантуристите на екстремни спортови, туку и за потенцијалните инвеститори кои имаат заедничка цел – развој на туризмот во регионот како можност за економски развој, бенефит и подигање на стандардите за живот во нашата млада и преубава Македонија.

На 25 километри западно од Кратово, во непосредна близина на селото Шопско Рудари, се наоѓа локалитетот Цоцев Камен. Станува збор за неолитска населба во која населението се занимавало со земјоделство и лов. Самата карпа претставува духовно светилиште, што е забележливо од многуте остатоци видливи и денес, како и од предметите пронајдени во непосредна близина.

Скорешни коментари
    Архиви
    Категории
    • Без категории
    Latest Posts
    Event Search

    You should choose a search result page. You can choose the page from the Theme Options > Events > Event Search Results Page option.

    Ads