За нас

Формиран во март 2014 година, фото клуб Куманово брои околу 30 членови и се смета за еден од најактивните клубови во Македонија. Иако е млад клуб, неговото јадро содржи светски познати фотографи. Покрај организационите и изложбените активности, клубот стана добро познат по успесите, кои членовите на клубот ги постигнаа на меѓународните изложби на фотографија, со што на градот Куманово му дадоа епитет на препознатлив фотографски центар. Домаќини на самостојни изложби со светски автори. Успешно заврши со групни проекти со спријателени клубови од Србија, Босна, Канада, Турција, Египет, Саудиска Арабија, Иран и тн. Клубот е почесен член на ФИАП, ПСА и ИААП.

Во Ноември 2014 година, клубот го организираше првиот фотографски фестивал во Македонија, насловен како Малински Фото Фестивал на кој беа отворени над 15 самостојни и групни изложби. Низ годините фестивалот прерасна во промотор на Македонската фотографија во светот, но и престижен настан на кој се преставуваат чујните фотографски имиња. Малински тенденциозно прераснува во годишен фестивал кој ја подига скалата и поставува вистински пример за фотографијата како почитувана уметност.


Скорешни коментари
    Архиви
    Категории
    • Без категории
    Latest Posts
    Event Search

    You should choose a search result page. You can choose the page from the Theme Options > Events > Event Search Results Page option.

    Ads