Ѓорѓи Костовски

Ѓорѓи Костовски, роден 1978 во Крива Паланка, дипломиран историчар на уметност. За време на студиите започнува да се интересира за фотографијата како медиум за изразување, со можности за експериментирање. Така, го дефинира својот стил уште пред да го научи и да го совлада техничкиот дел. Го започнува својот пат низ експерименти и истражувања со долга експозиција. Во раниот период, во неговите дела преовладува мрачна атмосфера, во која е прикажан крикот на осамениот и немоќен човек.

Во меѓувреме, добива професионални ангажмани, главно, фотографирање на разни културни настани од музичко сценската дејност, како театарски и музички фестивали. И во овие дела го остава својот творечки печат. Може да се забележи нешто заедничко што се проткајува низ сите дела, темната гама, контрастите и колоритот. На тој начин, на наједноставните нешта им придава мистичност и ги сместува во некој мистичен простор. Сето тоа се должи на неговиот став кон фотографијата, како и кон уметноста воопшто. Уметноста не смее да биде само ретинална, не смее да биде само копија на визуелното, туку треба да содржи слоеви кои водат кон мисловните и емотивни длабочини.

Leave a Comment

Speaker Details