Дарко Дозет

Дарко Дозет е роден 7.12.1976 година во Нови сад каде завршил Средно графичко училиште, насока фотографија,по што се вработил во дневниот весник „Дневник“ во Нови Сад во 1996 година. Од 1998 до 2007 година е фоторепортер на новинската агенција Танјуг, а од 2007 година е фоторепортер на компанијата Новости. Тој соработувал со најпознатите светски новински агенции, Ројтерс, Европската агенција за печат, Асошиејтед Прес, а неговите фотографии се објавени од страна на скоро сите светски весници и списанија. Неговите фотографии илустрираат повеќе од илјада насловни страници на најважните медиуми, пред се Вечерње новости. Во неговата досегашна работа тој се пробал во сите гранки на новинската фотографија. Од 1998 година е член на Здружението на новинари на Србија, а од 2017 година е член на неговиот одбор. Тој имал самостојни изложби во повеќе од педесет градови во Србија и во странство. Тој е автор на проектот „Корени на душата“ посветен на Косово и Метохија, и коавтор на проектот „Сведоци на траење“, кој го прикажува културното наследство на Србија во Република Романија. Тој е автор на фотомонографија „Чувари на сеќавања и сведоци на историјата“ посветен на колегите фоторепортери од Втората светска војна до денес. Во неколку наврати предавал новинска фотографија во Рускиот музеј за фотографија, Универзитетот во Нови Сад, Музејот на Војводина, Културниот центар на Нови Сад, Културниот центар на Зрењанин и др. Тој е основач и претседател на Фото здружението на Војводина и е еден од основачите на Здружението на фоторепортери на Србија, прв во Србија што собира фотографи вработени во медиуми. Тој седум години по ред успешно организира колективна изложба на делата на фоторепортерите во Нови Сад и Војводина „Објективно“. Организатор е на колективната патувачка изложба “Бурата – кривично дело што трае”, коај во изминатите две години е прикажана на Плоштад Слобода и на плоштади на другите градови во Војводина. Со благослов на Српската православна црква ја организира изложбата „700 години од манастирот Крупа”. Добитник е на бројни награди за својата работа и креативност во областа на фотографијата. Некои од најзначајните се: во 2015 година ја освои првата награда на Меѓународниот фестивал за репортажа „Интерфер“ и беше прогласен за најдобар фоторепортер за „Вечерње новости“. Во 2016 година, тој ја доби наградата Лаза Костиќ, доделена за фотографија од страна на српското здружение на новинари. Добитник е на Сребрена плакета на Црвен крст на Србија.

 

Рецензија

МАТЕРИЈА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

По дваесет години работење во областа на фотографијата, се појави идејата за претставување на делото на Дарко Дозет во фото-монографија. Од архивата, во која има околу милион негативи, документи и фотографии, требаше да се издвојат најдобрите, наградуваните или оние од особено значење за авторот. Работата беше макотрпна, но убава. Делата кои се пред нас се избор на авторот. Во својата работа Дарко Дозет се обидел во скоро сите жанрови, но, иако темата е различна, низата што ги обединува, а тоа е животот, тече низ сите поглавја. Човечкиот живот е составен од тага и среќа, од грдото и убавото, што е испреплетено на фотографиите на Дозет. Поради оваа причина, како чест мотив се среќаваат луѓето, негова најголема инспирација. Понекогаш ги прикажува  убавината на младоста, љубовта, невиноста и безгрижното детство, но и грдата страна на реалноста, правејќи фотографија со социјана тематика со стари, болни, сиромашни луѓе и тежок живот. Тој, исто така, со фотографија го забележи бомбардирањето на НАТО на СР Југославија и со тоа ја сочува од незаборав оваа ужасна агресија. Има сцени од политички протести, карневали, натпревари на кои им дава еднакво внимание на спортистите и на жестоките навивачи, но и различни моменти од нашиот секојдневен живот. Понекогаш наидуваме на чист портрет на обичните луѓе, но и на необичните кои се истакнувале во општеството, со нагласена психолошка нота. Како посебна целина се издвојуваат сцени од улиците на неговиот роден град, како и Санкт Петербург, Москва и бројни градови во Шпанија, Романија, Грција, Тунис … Тој ги доближи некои оддалечени народи и дозволи да се погледне во скриените агли на човештвото. Наспроти урбаната средина и, не ретко, градбите, како честа тема се јавуваат селата на Косово и Метохија, рамнините и селаните на Војводина, камени гребени на Далмација и Лика. Тука е и живот покрај реките, од Дунав до Волга, но и природна убавина што нè тера да се нурнеме во имагинација која нè води во многу поубав свет. Етно мотиви, обичаи, слики што сме ги заборавиле, повторно ги оживува и предизвикува сеќавања од минатото. Во голем дел се застапени и фотографии на цркви и манастири, како и религиозниот живот на светите храмови во Косово и Метохија, Краина, Света Гора, Русија … На секоја од нив успеал да ја претстави душата на православната вера, нејзините традиции, културата, но и духот на овие места, што честопати се крие од очите на јавноста. Со развојот на техниката, технологијата, појавата на дигитална фотографија и зголемената достапност на фотоапаратот, јавноста е преплавена со фотографии кои немаат ниту технички, ниту уметнички квалитети. Самата фотографија претставува индивидуален начин на интерпретирање на реалноста од страна на оној што фотографира, а начинот на кој работиш и гледаш преку објектив остануваат исти. Она што е различно, а што ги раздвојува и ги рангира фотографиите и нивните автори по квалитет е знаењето, но пред сè талентот, креативноста, имагинацијата, упорноста, посветеноста и љубовта, кои се јасно видливи на фотографиите на Дарко Дозет. Не е важно дали фотографијата претставува експлозија на бои или нејзината порака се пренесува некаде зад силните контрасти во црно-бела техника, квалитетот на едно уметничко дело се определува според количината на сензорна стимулација, чувствата што ги предизвикува во нас. Познавајќи ја теоријата на уметничкото изразување, историјата на фотографијата, како и нејзината естетика и психологијата на уметнички дела, овој автор многу лесно ги реализира своите идеи. Квалитетот и креативноста во уметничката постпродукција во денешно време се подразбираат. Иако работата на Дозет е поврзана со новинска и документарна фотографија, сосема е очигледен уметничкиот израз што поминува низ секоја фотографија. Неговите фотографии не претставуваат само одредена работа, туку многу повеќе од тоа. Без разлика дали се работи за лајф фотографија, спортска, документарна или било која друга, секоја од нив е во согласност со сите ликовни и други стандарди кои ги диктираат правилата на професијата. Ваквите фотографии кои имааат содржина, типични се за највисоките светски агенциски фотографи, кои треба да направат најдобра фотографија во најкус можен рок, а кога на таквите автори им се дава повеќе време, или кога го прават она што го сакаат и што им е на душа, тогаш резултатите се зачудувачки. Комбинација на Фиапова и Магнумска школа за фотографија, која Дозет ја понесе од „Дневник„ од Нови Сад, притоа усовршувајќи ја својата работа во познати новински агенции, е видлива на сите фотографии, без оглед на темата и техниката.  Во изминатите две децении Дозет не се трудеше да направи фотографии кои имаат смисла единствено за прикажување на фотографски знаења и вештини, но тој вешто го искористи својот талент за да го сочува од заборав, на најдобар и најефикасен начин, животот што го живееше и опкружуваше. Значи, презентираните дела не се само квалитетни фотографии, туку и многу повеќе од тоа. Сликарот Стојан Аралица, кој е исто така од областа Лика, од каде потекнува и фотографот Дарко Дозет, рече „Секоја слика на еден сликар е негов автопортрет“. Дарко Дозет се вградил во секоја од овие фотографии, преку уметноста тука се прикажани различни аспекти од животот на овој автор, неговите мисли, чувства, погледи, размислувања… Секоја фотографија има своја порака, свој личен и индивидуален израз, но ни покажува сегменти од животот на авторот во текот на изминатите 20 години. Поради сето ова, станува јасно дека оваа навидум хетерогена целина од различни уметнички ставови се претвора во хармонија пред очите на гледачот. Поради големата стилска достапност на неговите фотографии, оваа книга претставува благодарно „четиво“ за сите љубители на оваа уметничка гранка. Во времето проткаено со чести војни и бурни времиња, многу архиви, библиотеки, многу важни објекти, храмови биле уништени или изгорени, а само неколку зачувани фотографии ни кажуваат за нив. Сите фотографии во оваа книга се фантастични сведоштва за времето во кое живееше авторот и се добар материјал за сите идни генерации историчари, етнолози, хроничари … Книгите се одличен начин да се спасат фотографиите од уништување и заборав и да останат вечно да живеат, а овие навистина го заслужуваат тоа. Врз основа на презентираниот материјал, може да се заклучи дека работата на фотографот Дарко Дозет зазема важно место во српската фотографија на 21-от век.

Leave a Comment

Speaker Details