Александар Буѓевац

Александар Буѓевац е роден 1969 година во Крагуевац, Србија, каде што живее и работи. Повеќе од дваесет години активно се занимава со фотографија. Тој ја има титулата Ф1 на Фото сојуз на Србија и Excellence, на меѓународна организација на аматерски фотографи на ФИАП. Од 2013 година активно излага фотографии. Учествувал на 150 изложби во Србија и во светот, под покровителство на разни аматерски здруженија (ФИАП, ПСА, ГПУ, МОЛ …..), на кои има освоено околу 120 медали и признанија во повеќе од 25 земји, како и четири награди за најдобар излагач (Сина значка ФИАП). Пред 2013 година, тој имаше повеќе од 15 заеднички изложби во Србија, Швајцарија и Италија. Исто така учествуваше на изложби кои се во организација на здружението “Балканска култура” Каламата во Грција, 2017, 2018 и 2019 година. Тој има две самостојни изложби „Моји људи“ декември 2011 година, Крагуевац, и „My way“ февруари 2016 година во Националниот музеј во Крагуевац. На покана на организаторите од Акропол, Италија, учествуваше на изложбата „Моите митови“, во 2015 и 2016 година, меѓу 30-те избрани автори од Европа. Во 2019 година, ја освои првата награда за колекцијата „Boy from the water“ на Републичката изложба на ФСС, како и првата награда за колекцијата во Ријека (Хрватска), на изложбата „Трет елемент“. Тој во моментов е претседател на Фото клуб „Крагујевац“.

Изложбата „Моментум“ во Куманово во рамките на Малински фестивал во јуни 2020 година, ќе биде негова трета самостојна изложба.

„Моментум“, момент на зрачење на еден вид дух и интензитет, што го принудува гледачот да го погледне светот, преку очите на авторот.

Leave a Comment

Speaker Details